Рецепти
Сарма со кочански ориз
Домашна сарма со кисела зелка, мелено месо и Кочански ориз. Оризот го впива сокот од месото и зелката, а зрното останува цело и по долгото готвење.
- Порции
- 6
- Подготовка
- 40 мин.
- Готвење
- 2 ч. 30 мин.
Состојки
- 1 глава кисела зелка (околу 2 кг)
- 500 г мелено месо (свинско и јунешко)
- 150 г Rizella Кочански ориз
- 2 главици кромид
- 3 лажици масло
- 1 лажичка црвен пипер
- 200 г чадени ребра (по желба)
- 2 ловорови листа
- сол и бибер по вкус
Чекори
- 01Одвојте ги листовите од зелката. Ако се многу кисели, потопете ги 30 минути во ладна вода. Исечете ги дебелите жили.
- 02Ситно исечкајте го кромидот и пропржете го на маслото 5 минути. Додадете го месото и пржете уште 5 минути, мешајќи.
- 03Тргнете од оган и вмешајте го оризот (не го варете претходно), црвениот пипер, сол и бибер.
- 04На секој лист ставете лажица фил, свиткајте ги страните и завиткајте цврсто. Не полнете премногу, бидејќи оризот набабрува.
- 05На дното на тенџерето ставете ситно сечкана зелка, па наредете ги сармите и ребрата во редови, со ловоровите листови меѓу нив. Налејте вода да ги покрие.
- 06Гответе покриено на тивок оган околу 2 часа и 30 минути, додека оризот не омекне. Додавајте топла вода ако треба.
Совет
Пред сервирање оставете ја сармата 15 минути покриена, за сокот да се згусне.
Ориз за овој рецепт
Rizella Кочански ориз
Рецептот е за Rizella ориз, во пакувања од 400 г, 900 г и 4 кг.